Научниците докажаа: Ова е бојата што му прилега секому!

10 март 2017

Веројатно секој од нас има посебна боја која смета дека најдобро му прилега и најчесто купува парчиња во таа нијанса.

Оваа пролет познатиот Институт за бои Пантон направи едно многу интересно истражување поврзано со тоа дали постои една боја која му прилега подеднакво добро секому.

Резултатите од истражувањата покажаа дека токму клучната нијанса за оваа пролет е бојата која може добро да му стои на секој.

Станува збор за бојата што тие ја нарекуваат Flame, а всушност се работи за нијанса помеѓу магента и црвена која најдобро се комбинира со јаки нијанси како портокалова, сина и виолетова за колор блок ефект.

Оваа топла сезона повторно ин се комбинациите во една боја од глава до пети, па доколку се одлучите за оваа прекрасна нијанса на црвена, дефинитивно нема да погрешите.

„Црвената е боја која се наоѓа во центарот на целиот спектар на бои. Таа е толку моќна и јака што веднаш ве трансформира во самоуверена, секси личност која оди низ светот како да го освоила. Ниту една друга боја нема такво влијание на вашиот изглед како црвената. Сите други бои можат да ве направат постари, пополни и уморни, зависно од нијансите што ги одбирате“, појаснува Хелен Венаблс, доктор на науки во House of Colour, компанија која ги анализира боите и нивното влијание на вашиот изглед.

 

Објавено:
10 март 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.862 пати