Недела на Модната Револуција од 19 - 25 април 2021

12 април 2021

 Во време кога модната индустрија во целиот свет се' уште се справува со проблемите кои ги предизвика пандемијата, следната недела се одржува онлајн настан на глобално ниво, од кој е дел и Македонија, а кој како велат, ја става иднината на модата и луѓето во фокус.

Од 19 до 25 април е времето резервирано кога ќе се одржи Недела на Модната Револуција. 

Годинава, во центарот на вниманието ќе бидат ставени човековите права и правата на природата - human rights and the rights of nature, односно човечката експлоатација и деградацијата на екосистемот.

„Како тим ќе објавуваме податоци за текстилен отпад во МК, рециклирање на текстил, податоци за индустријата во МК, едукативни совети за продолжување на векот на облеката, каде правиме ние донации на облека, ќе објавиме неколку иницијативи со кои сакаме да поттикнеме на акција и да го актуелизираме прашањето околу царините на увозниот текстил, и исто така околу серификатите и декларациите на текстилот кој се продава во нашата земја“, вели Ана Јаким, координатор и ПР на движењето „Fashion Revolution Macedonia“.

Интересно е што оваа година, глобалното движење за прв пат ќе ја објави и иницијативата #WhoMAdeMyFabric > КојГоПравиМојотМатеријал?, што го поттикнува прашањето околу тоа колку сме свесни кој ја изработува ткаенината од која подоцна се создаваат креациите и од што се прави.

На тема одговорно трошење односно, одржлива мода, ќе се зборува околку добрите примери за тоа како се' може да се носи и да се искористи старата облека.

„Во рамки на настанот, ќе се одржи и онлајн работилницата за поправка на облека која ќе може да ја проследите во живо на нашиот инстаграм профил. Со оваа работилница се водиме по глобалното движење на Fashion Revolution, и нивната најинтересна работилница Stitch & Bitch. Сите имаме некое парче облека во нашиот гардеробер кое посакуваме да живее вечно. Токму преку оваа работилница ќе може да научите како може да го поправите вашето омилено парче облека“ дополнува Јаким.

Инаку, „Fashion Revolution“ е движење во кое учествуваат повеќе од 80 земји од целиот свет.

Вистинската вредност на парчињата облека кои ги носиме е малку позната. Синџирот на понуда во модната индустрија е речиси без транспарентност, а вистинските производители се речиси безлични. Низ светот страдаат луѓе и нашата околина е загрозена токму поради модната индустрија.

Секој 24ти април е Fashion Revolution Day. Секој може да учествува за да заедно ја подигнеме свеста во модната индустрија на повисоко ниво. 

Објавено:
12 април 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
122 пати