Обожавателите на познатиот моден магазин InStyle денеска ги дочека една непријатна вест: повеќе нема да се печати нивното омилено модно четиво.
По цели 15 години, еден од најпродаваните модни магазини, своето последно печатено издание ќе го пушти во продажба на трети ноември.
Како што наведуваат од InStyle, планот е комплетната содржина да се фокусира на новата генерација која најголем дел од своето време го поминува на своите паметни телефони, односно да се објавува само во електронска форма.
Ако се земе во предвид дека британскиот InStyle, според статистиките во продажбата е пред модните библии како што се Vogue и Elle, овој потег со причина во прв план го става прашањето за опстанокот на печатените изданија на магазините.
Според службените податоци објавени на Peawresearch.org минатата година продажбата на печатените изданија опаднала за 3%, а не постојат индикации за подобри времиња.