Неодоливи акции за празникот на жената во Космо дрогерии!

4 март 2015

По повод празникот на жената 8 Март, Космо дрогерии како и секоја година ги разгалува припадничките на понежниот пол со специјални попусти се до 22 март.

Оваа година, тие направија одличен каталог со вашите омилени производи по супер ниски цени на кои веруваме дека особено ќе се израдувате.

Во нивната понуда ќе ги најдете најубавите пролетни парфеми по одлични цени, но ќе најдете и различни производи за нега на кожата и шминки од вашите омилени производители.

За сите оние што сакаат и многу повеќе од тоа, овој 8 Март Космо дрогерии нудат и неодоливи сетови со кои припадниците на посилниот пол ќе можат да ги израдуваат нивните сакани.

Со оглед на тоа што тимот на Космо дрогерии го прогласи март за месец на Булгари, од брендот ни нудат производи по цени што дефинитивно не се пропуштаат.

Само во месецот на жената, ќе можете да уживате во вашите омилени Булгари парфеми по цени пониски за 15 проценти!

Додека сѐ уште има време, задолжително посетете ги нивните продажните салони каде ќе ги најдете совршените подароци овој прекрасен март!

Објавено:
4 март 2015
Категорија: 
Актуел