Николас Гескиер го смени иконското лого на Луј Витон
•
1 октомври 2014
Николас Гескиер, креативниот директор на модната куќа Луј Витон, едноставно сака да ја изненадува публиката. Најновата модна новина која што ја направи во рамките на брендот се однесува на новата колекција за сезоната пролет-лето 2015.
Станува збор за промена на иконското лого кој што е препознатлив белег на куќата. Класичниот дизајн на логото е обновен со задебелување на фонтот на буквите. Изгледот останува во границите на минимализмот и чистата визија, која што според Гескиер треба да внесе нова револуција и да гледа кон иднината.