Нина Бадриќ неодоливо сензуална во креација на ЕЛЕНА ЛУКА

20 октомври 2023

Хрватскиот музички дијамант Нина Бадриќ на својот Инстаграм профил објави фотографија во креација на ЕЛЕНА ЛУКА од колекцијата White Flower.

Нина е секогаш со беспрекорен стајлинг, сензуална, женствена, едноставно прекрасна, а така изгледаше и овој пат во флоралниот аутфит од нашиот етаблиран бренд.

Дводелниот сет со уникатен принт совршено прилегаше на нејзината фигура и модна естетика.

Хрватската ѕвезда во повеќе наврати се појавила во креацијата на ЕЛЕНА ЛУКА и секогаш изгледала беспрекорно.

Нина и ЕЛЕНА ЛУКА негуваат долгогодишно пријателство и одлична соработка.

Кога една жена е вистинска пријателка на друга, тогаш насмевката е искрена, а среќата загарантирана.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nina Badrić (badrich)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (elenaluka_official)

Објавено:
20 октомври 2023
Категорија: 
Актуел