Откако неодамна Тејлор Свифт ги собра сите пофалби на Билборд музичките награди, таа е повторно во центарот на вниманието на модната сцена.
Имено, американскиот бренд Nasty Gal објави фотографија од пејачката на нивниот Инстаграм профил, тврдејќи дека белиот комбинезон во кој таа изгледаше како божица, е нивна креација!
Веднаш откако беше објавена фотографијата, на социјалните мрежи се разви жестока дебата со оглед на тоа што американскиот бренд направи сериозна грешка, присојувајќи ја заслугата за изгледот на пејачката.
Белиот комбинезон што таа го носеше е дело на исклучително талентираниот Оливие Рустенг од модната куќа Балман, од каде веднаш беше демантирана објавата на Nasty Gal, чија креација е беспрекорна копија на онаа од понудата на дизајнерот.
Ова воопшто не е нешто ново во модната индустрија, со оглед на фактот што модните high street брендови постојано ги копираат креациите на светските дизајнери и ги продаваат по многу пониски цени.
Во случајот со Nasty Gal, голема е веројатноста менаџментот да сакал да ги искористи своите пет минути слава, па Тејлор Свифт им се видела како одлична прилика.
Тие ја отстранија фотографијата од нивниот Инстаграм профил часови по бурните реакции со што уште еднаш ја постигнаа целта, а тоа дефинитивно беше бројни продадени бели комбинезони и огромна заработувачка!