Нова одлука: Жените од американската армија ќе можат да носат кармин, маникир и накит

9 февруари 2021

Нови правила за припадничките на американската армиjа. Имено, досега им било забрането шминкање и друга фризура освен пунџа.

Сега пак, правилникот се менува, па ќе биде дозволено користење секојдневна козметика, што вклучува и кармин, а косата ќе може да ја стилизираат и во плетенки, откако се покажало дека секојдневното врзување на косата на пунџа влијае на опаѓањето на косата.

-Во обид да го запреме оштетувањето и губењето на косата, кои се последица од секојдневно носење цврсто врзана коса, го сменивме правилникот, па жените во војска сега ќе можат и разни полежерни варијанти - вели Марк Ентони Кларк од воедниот оддел за вработени, а пренесува „Мери Клер“, додавајќи дека на жените ќе им биде дозволен и маникир, како и дискретен накит.

Покрај тоа, припадничките на војската, кои дојат, дозволено им е носење на поткошули прилагодени за нивните промени.

Инаку, променинте стапиле на сила неколку дена откако новиот американски претседател Бајден ја укинал забраната за учество на трансродови лица во американската војска.

Објавено:
9 февруари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
164 пати