Македонската поп дива Каролина Гочева денеска на прес конференција конечно и официјално ја потврди соработката со козметичкиот бренд Авон, со кого во следниот период ќе работи на повеќе проекти.

Меѓу другото, таа ќе се појави на брошурите на компанијата, препорачувајќи неколку внимателно одбрани премиум производи, но ќе има и дополнителни изненадувања за кои тие денеска не сакаа да говорат.

„Ова е најголема и најзначајна соработка со позната личност за Авон Македонија и чест ни е што станува збор за мегапопуларната македонска пејачка Каролина Гочева. Соработката започна во август 2015 и ќе трае се до четвртиот квартал 2016 – та година. На насловна страница на брошура на Авон, Каролина за прв пат ќе се појави во Кампања 14, која излегува кон крајот на септември“, изјави денеска Дана Стојкова, национален менаџер на Авон за Македонија.

На прес конференцијата, Каролина изјави дека ѝ е особена чест што конечно одблизу ќе го запознае овој интернационален бренд.

„Доколку би морала во една реченица да сумирам зошто за мене претставува огромно задоволство да работам со ваков бренд, би рекла Авон е во вистинска смисла на зборот компанија за жените. Таа не само што продава производи за убавина, туку и истовремено ги отвора вратите на жените да изградат сопствен бизнис и се грижи за нивното здравје и благосостојба“, изјави Каролина.

Објавено:
1 септември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
12.400 пати