Нови фотографии: Принцот Џорџ наполни шест години!

22 јули 2019

Малиот принц Џорџ Александар Луис, кој што е трети во редот за наследство на престолот, денеска го прославува шестиот роденден. Неговата мајка, Кејт, ја продолжува традицијата, па во чест на овој ден, на Инстаграм профилот на Кесингтон палатата ги објави новите фотографии од роденденецот.

Принцот изгледа неодоливо слатко на фотографиите, со широка насмевка, облечен во дрес на англиската фудбалска репрезентација.

Како пренесуваат британските медиуми, семејството ќе го прослави роденденот заедно и тоа на приватниот остров Мистик на Карибите. Но, пред тоа, ќе имаат семејно собирање во Анмер Хол.

Од друга страна, мошне симпатична беше и информацијата дека кралицата Елизабета Втора под кревет му остава ситни подароци.

-Имено, уште кгоа почнал да ја вика „бабо“, тоа толку ја разнежнило кралицата, што оттогаш има навика да му купува ситни подароци и да му ги остава под кревет додека спие кај неа во Бакингемската палата - вели добро упатен извор за магазинот „Фабулос“.

 

 

 

 

Објавено:
22 јули 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
983 пати