Објавена програмата на Пиволенд 2015

26 август 2015

Осмото издание на Пиволенд што ќе се одржи на Скопско Кале од 2. до 6. септември ќе понуди одлична музичка програма.

Организаторите денеска ја објавија листата на изведувачи од различни музички жанрови:рок, поп-рок, инди, реге, ска, етно, world music, хип хоп, електро, метал, панк и фанк. Победниците на конкурсот за млади бендови ќе бидат објавени на 28 август, а тогаш ќе биде објавена и програмата за алтернативниот БЛА БЛА стејџ. Наскоро следува и опширна објава за сите видови пиво кои ќе можат да се пробаат на овогодинешниот фестивал на пивото.

Помеѓу изведувачите, публиката ќе има можност да ги слушне и: Фолтин, Суперхикс, Верка, Smut, Д.Н.О, Тони Зен и Флека, Last Expedition, Mooger Fooger, Лоши деца и други.

Традицијата продолжува под мотото „ Дојди, види, испиј!".

Објавено:
26 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.803 пати