Облеката на светските брендови е токсична

16 јануари 2014

detox

Трагови од токсични хемикалии, штетни по човековото здравје се пронајдени во детска облека и обувки кои ги произведуваат десетина светски познати брендови, соопшто меѓународната еколошка организацја Гринпис.

Гринпис и порано доаѓаше до слични откритија. Во 2012 година одржа „токсична“ модна ревија во Пекинг, за да го привлече вниманието на јавноста на тврдењата дека две третини од облеката содржат штетни хемикалии.

Во последната истрага, Гринпис спроведе анализа над 82 производа од 12 различни земји, додека најголемиот број од тие производи, односно 29 се од Кина.

Од тестираните производи, кај 50 од нив, односно 61 процент, откриена е супстанца нонилфенол етоксилат, кој според зборовите на првиот човек на Гринпис може да предизвика пореметување во работата на хормоните.

Во рамки на нивната Детокс кампања, тие ги опфатија производите на Адидас, Барбери, Дизни, Американ Апарел, ГАП, Примарк, Најк... а исто така основаа сојуз со 18 брендови, вклучувајќи ги и Манго и H&M, кои ветија дека до 2020 година сосема ќе ја исфрлат од употреба токсичната супстанца.

Објавено:
16 јануари 2014
Категорија: 
Актуел