Од 2-3 октомври: „NoWasteMK“ е темата на 24 издание на Моден викенд Скопје

28 септември 2021

Моден Викенд Скопје во соработка со Македонската Модна Асоцијација креира нова иднина за модата и свежи перспективи под темата „NoWasteMK“.

Експеримент со биоразградливи хулахопки, обоени со еко боја од кора од грозје, колекција накит создадена од е-отпад и избор на брендови кои ја отелотворуваат разновидноста на македонското одговорно творештво.

Под слоганот „Beyond the Fields”, од 2 до 3 октомври, Модниот викенд им дава простор за промоција на 30 креативци и нивните дела за време на иницијативниот проект NoWasteMK.  Преку шоурум, изложба, експериментална колекција и сет на разговори на тркалезна маса, NoWasteMK ќе истражува и дискутира на теми за одржливост, ќе сподели знаење и ќе ги поттикне потребните промени кон поодржливо опшество и индустрија.

KTN

Евгенија Зафировска

„Тоа е всушност визијата и целта на Моден викенд Скопје и Македонската модна асоцијација.  Да ја претстави работата на дизајнерите кои ги менуваат правилата на игра во модниот бизнис Стефанија Насеска, Евгенија Зафировска, Хана Зека - Fight or Flight brand, Four Twenty Two, KTN, Son of Salome, Мирјана Јосифоска, Роберт Ивановски, Luna Aditeya, Leap Concept и работата на студентите од Академијата за моден дизајн  „Џолев и уметностите““, најавуваат од МВС.

Leap Concept

Luna Aditeya

Новите колекции од учениците на дваесет и четвртата сезона, ексклузивно ќе бидат претставени на 2 и 3 октомври преку пренос во живо на социјалните медиуми на Fashion Weekend Skopje, со премиерно прикажување на кратки модни филмови и фотографии. Шоурум со ексклузивни парчиња на истите, како и изложба на накит  ACHTUNG BAUSTELLE!  изработен со електронски отпад од уметницата Маја Стојковска, се само дел од богатата програма што посетителите ќе ја проследат од 2 до 3 октомври во зградата на Железничката станица во Битола, во клубот „Јагода“.

„Придружете им се на експертите, креаторите на иднината, статистичарите, како и на лидерите од приватниот сектор и граѓанското општество на #NoWasteMK, со цел да размениме практично и теоретско знаење за просперитетна визија на кружната економија во модниот бизнис.

Мирјана Јосифовска

Роберт Ивановски

На првата тркалезна маса и онлајн дискусија “Circular Fashion and Textiles”, модератор од Текстилна Трговска Асоцијација - Кластер за Текстил заедно со панелисти и учесници ќе дискутираат за проектот Design4Circle и циркуларна економија - Локален контекст, предизвици и можности.  Не ја пропуштајте можноста да дебатирате за најновите трендови на циркуларна економија во мерењето, изворите и методите.“, велат организаторите.

Дискусија на тема "Product design for the environment" на тркалезна маса ќе биде предводена од модната дизајнерка Ирина Тошева и врвни професионалци од креативната индустрија кои ќе презентираат успешни примери за системот на циркуларната економија во земјата и ќе ги елаборираат предизвиците и можностите за нејзиниот  развој.

Son of Salome

Стефанија Насеска

За време на онлајн разговорот „End of Life” со советничката за одржлив развој Шарлот Вандиерендонк и модната дизајнерка во подем Т*МИТРОВСКА, ќе разговараат за создавање нов живот преку редизајнирање и рециклирање.

Панел дискусијата "Consumption Reduced: repair & wear" презентирана од претставниците на Fashion Revolution и нивните поканети соговорници ќе доближи факти, практики, искуства, корисни совети и предлози за нови можности на делување во насока на намалување на конзумеризмот во модата и поттикнување на циркуларната економија. 

На 3 октомври во Штип ќе биде прикажан проектот „Кружната економија како модел за решавање на текстилниот отпад во Општина Штип".

Стојковска Маја/фото Трповски Ненад

„На овој настан ќе имаме разговор со д-р Игор Јорданов, професор на Технолошко-металуршкиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – координатор на проектот и м-р Златко Самарџиев, национален координатор на ГЕФ ПМГ во Република Северна Македонија под модераторство на м-р Дијана Насева, Универзитет Гоце Делчев од Штип, асистент на проектот.

Во вториот дел студентите на Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип под менторство на доц. д-р Сања Ристески ќе имаат моден перформанс со моделите добиени од активностите од проектот. За реализација на проектот е употребен отпад од текстилната индустрија како суровина за производство на перници и јоргани“, посочуваат од Моден викенд Скопје.  

Општа цел на проектот е намалувањето на текстилниот отпад во општина Штип и употребата на истиот за производи со додадена вредност.

Иницијативата #NoWasteMK ги воочува границите на нашиот сегашен систем, додека презентира нови начини на создавање. #NoWasteMК е фузија од физички и виртуелни активности, реализирани со грант од Circular Design Assembly, доделен од British Council со фасилитација од Ellen MacArthur Foundation.

Програма може да погледнете овде

*За време на настанот ќе бидат применети сите мерки и препораки за заштита и превенција од КОВИД-19.

Објавено:
28 септември 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.348 пати