Фестивалот кој официјално стартува денеска и ќе трае се до 1-ви септември започна како мал фестивал за во текот на годините да се развие во манифестација од интернационален карактер. Во текот на фестивалот покрај настапите на голем број изведувачи ќе има кино проекции, креативни работилници и перформанси, кои ќе ја воздигнат креативноста на едно сосема ново повисоко ниво.
Како фестивал во кој е вклучен уличниот перформанс, Шпанцирфест секоја година нуди интересни претстави со најценетите уметници од Европа. Од наредната година фестивалот ќе биде дел од проектот „Circus as a way of life“ кој ќе биде финансиран од Европската Унија, со цел развој на културата.
Доколку планирате да патувате во Вараждин, Хрватска не пропуштајте да бидете дел од овој несекојдневен настан на кој свое учество го пријавија: Skunk Anansie, Triggerfinger, Lykke Li и Buraka Som Sistema.