Официјализиран датумот на спектакуларното шоу на Викторија Сикрет во Лондон

18 септември 2014

Најпопуларниот моден бренд за долна облека Викторија Сикрет после објавата дека Кендал Џенер ќе биде нивното ново „ангелско“ засилување,  ја објави и официјалната дата на модната ревија која ќе се одржи во Лондон на деветти декември, со што етикетата ќе заокружи уште една успешна и спектакуларна година.

Имено, одговорните на Викторија Сикрет, пред извесно време ја открија и цената на билетите за сите оние кои сакаат да бидат дел од гостите на нивното шоу, а таа чини „само“ 10.000 фунти. Порано изминатава година ја објавиjа и листата за најсекси жени на 2014 година, а ја лансираа и неверојатно заводливата, секси „бестрашна“ кампања (Fearless Campaign) за актуелната студена сезона, каде во вистинско провокативно издание можеме да ги видиме супер моделите Бехати Принсло, Кендис Свенпул, Лили Алдриџ, Марта Хант и Џасмин Тукс.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од последната кампања и уживајте во уште една ангелска приказна.

Објавено:
18 септември 2014
Категорија: 
Актуел