Панталоните на пруги се елегантното парче облека во кое ќе се вљубиме оваа есен

13 октомври 2022

Панталоните се можеби едно од оние модни парчиња кои најмногу подлежат на промени како резултат на динамичната еволуција на модата, а неретко сме и сведоци на модни циклуси кога одреден крој или модел одново и одново се враќа во тренд.

Па така, оваа сезона уживаме во носталгичните модни одблесоци од 80-тите и 90-тите на минатиот век, а новите колекции кои беа презентирани на ревиите за време на модните недели укажуваат на големо враќање на „канцеларискиот" изглед од едно не многу далечно минато.

Фото: Pinterest

Тука се вбројуваат панталоните со вертикални пруги и рамни ногавици, за кои може да речеме и дека никогаш комплетно не излегле од мода. Овој модел на панталони ужива статус на безвременска класика со широка можност за стилизирање и прилагодливост на различни пригоди. Јасно е зошто сега се очекува овие панталони да станат врвен сезонски тренд.

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Одлично изгледаат во спој со соодветно сако во пруги, блејзер, кожна јакна, класична бела кошула, плетен џемпер, блуза, елегантен топ, па дури и едноставна памучна маичка.

Сепак, доколку сакате дополнително да се инспирирате за тоа како да ги комбинирате вашите класични панталони на пруги, погледнете ја галеријата подолу.

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Објавено:
13 октомври 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.688 пати