Во светот на модата сите нешта се одвиваат со брзина на светлина. Само што почна модната недела во Њујорк, институтот Пантон е веќе подготвен со својата анализа за тоа кои бои ќе преовладуваат за следната топла сезона. Нијансите кои спаѓаат во листата за најактуелни од пролет-лето 2015 година не многу потсетуваат на топлиот период, бидејќи спектарот е сочинет пред се од ладни и пастелни нијанси, но сепак со задржана нота на свежина. Меѓу водечките се повеќето нијанси на сина, како кралска и небесна, тука е и нијансата меѓу кафена и темно црвена.
Како и секоја летна сезона, и следната нема да биде исклучена ниту тиркизната нијанса, која сепак припаѓа во спектарот на сини и зелени колорни тонови. Како една од повпечатливите е портокаловата, која е единствената според Панток што најмногу им контрира на останатите во изборот. Како најладна е сивата, но сепак ќе почекаме да бидат прикажани многуте колекции од модните недели што претстојат, бидејќи најчесто се случува од писта на крај да се сублимираат сосема поинакви бои од оние кои Пантон ги издвоил за водечки.