Институтот за боја, „Пантон“ објави дека во нивната палета има нова виолетова (пурпурна) нијанса, создадена во чест на Принц. Инспирацијата била за него специјално направеното „Јамаха“ виолетово пијано.
Бојата пак, е насловена како „Love Symbol #2“, инспирирана од логото на музичарот. Ѕвездата во 1984 година го издаде албумот „Purple Rain“, а во текот на целата кариера, благодарение не само на песната, туку и неговата сценска облека и инструментите, остана поврзуван токму со виолетовата боја.
„Почестени сме што можевме да работиме на развивањето на Love Symbol #2, новата виолетова нијанса во чест на „виолетовиот“ Принц. Како музичка икона позната по својата брилијантна артистичност, Love Symbol #2 претставува симбол на специфичниот стил на Принц. Сигурни сме дека оваа нова нијанса која ќе се приклучи на виолетовото семејство, ќе биде реплицирана и ќе го одржува истиот иконски статус, каков што имаше и Принц“, вели Лори Пресман, заменик претседателот на Институтот.
Задоволството за соработката го изрази и Трој Картер, советник од тимот на застапници за имотот на Принц.
-Виолетовата боја е синоним на она што Принц беше и секогаш ќе биде. Ова е неверојатен начин неговото наследство да живее засекогаш.
За потсетување, Принц почина во 2016 година на 57-годишна возраст.