Пејачката Ели Гоулдинг е во осмиот месец од бременоста: ,,Мојот сопруг ги обожува моите облини"

24 февруари 2021

Британската кантавторка Ели Гоулдинг(34) го очекува своето прво дете со сопругот Каспар Џоплинг (29). Голдинг е во осмиот месец од бременоста, а убавата вест парот ја открил на патување во Италија, по повод првата годишнина од бракот.

Оттогаш, двојката е изолирна на навниот имот надвор од Лондон.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by elliegoulding (@elliegoulding)

,,Бременоста направи да се почувствувам како човечко суштество. Би сакала да најдам подобар збор од женствено, но… Имам облини кои не сум ги имала претходно. Уживам во нив, а и мојот сопруг ги обожува," изјави пејачка во интервју за Вог.

Ели ја откри бременоста во јавноста во интервјуто и фотосесија за Вог преку Zoom. На фотографиите, Гоулдинг позира со стомачето во винтиџ парчиња.

Двојката се венчаше во 2019 година, а се запознаа на приватна вечера кај принцезата Јуџини во 2016 година. За Ели Гоулдинг се шпекулираше дека е во врска со Ед Ширан па дури и принцот Хари, но никој никогаш не ги докажа тие гласини. Нејзиниот сопруг Каспар Џоплинг работи како дилер на уметнички дела, потекнува од аристократско семејство, а се школувал на Етон и Харвард. 

Објавено:
24 февруари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
714 пати
Тагови: 
Ели Гоулдинг