Погледнете ги скиците на костимите за претстојното шоу на Викторија Сикрет!

12 септември 2013

Факт е дека единствената ревија на која и се радуваат подеднакво и мажите и жените е секако онаа на брендот Викторија Сикрет. Истата, оваа година ќе се одржи во Њујорк на 10 декември.

Она што особено не радува е тоа што познатиот светски бренд веќе објави некои од скиците за тоа како ќе изгледаат моделите на ревијата и кои од нивните најубави девојки ќе настапат годинава.

На големиот  список се најдоа ангелите Адриана Лима, Алесандра Амброзио, Лили Олдриџ, Кендис Сванепол, Линдзи Елингстон, Карли Клос, Доцен Крос и Бехати Принсло.

На популарните ангели ќе им се придружи и некоја позната дама, но нејзиното име се уште не и познато на јавноста.

Покрај списокот на моделите кои ќе настапат на гламурозната писта, од Викторија Сикрет не почестија и со објава на неколку скици за раскошните костими што девојките ќе ги носат на ревијата.

Она што секако сите не интересира е и која музичка ѕвезда годинава ќе ја има можноста да се прошета заедно со ангелите по пистата, но иако се шпекулираше дека тоа ќе биде ултра популарната музичка група One Direction, од компанијата ја отфрлија оваа информација како невистинита.

Објавено:
12 септември 2013
Категорија: 
Актуел