Повик за учество на работилница за „Design Thinking“

5 октомври 2016

Во рамките на проектот ДИЗАЈН ПРЕДИЗВИК /DESIGN CHALLENGE/, дизајнерките на накит Јана Ацевска и Мима Пејоска, по втор пат, организираат дводневна бесплатна работилница за ДИЗАЈН РАЗМИСЛУВАЊЕ /DESIGN THINKING/.

ДИЗАЈН РАЗМИСЛУВАЊЕ /DESIGN THINKING е креативен пристап преку кој се решаваат комплексни задачи за да се стигне до свежо, иновативно решение, преку разни системски истражувања и оживувања на имагинацијата.

Работилницата е наменета за сите кои се спремни на нови креативни предизвици, запознавање со основите на DESIGN THINKING методологијата, изучување на конкретни DESIGN THINKING методи, техники и вежби и искусување на целиот DESIGN THINKING процес.

Работилницата ќе ја води Сузан Бергер, стручен предавач од школата HASSO PLATNER D-SCHOOL од Берлин и ќе биде на англиски јазик.

Бројот на учесници е ограничен, а краен рок за аплицирање е 10 октомври. Работилницата ќе се одржи на 15 и 16 октомври од 10 до 17 ч.

Повеќе информации и форма за апликација на
www.designtatamata.com

Селектираните кандидати ќе бидат известени за учеството на работилницата.

 

Објавено:
5 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
102 пати