Светското фудбалско првенство е во полн ек и еуфорично и собира милиони навивачи од целиот свет кои секојдневно навиваат за своите земји. Модните дизајнери понесени од „фудбалската треска“ решија да креираат фудбалски топки во чест на актуелниот мундијал.
Компанијата Luisaviaroma одлучи своите сили да ги здружи со брендот Адидас и 31 модна куќа за да се изработат неколку модели на „Бразуки“, дизајнирани специјално за годинешното првенство. Сите фудбалски топки можат да се купат на eBay аукцијата која ќе трае се до завршувањето на купот. Во овој проект со хуманитарен карактер учество земаа: Долче и Габана, Балман, Мери Катранцу, Марни, Мисони и многу други. Целта е од добиените финансиски средства да се подобрат животните услови на децата низ бразилските градови.