Галеријата Лауба во Хрватска вчеравечер беше местото каде се појавија некои од најпознатите Хрватки во своите најдобри изданија за да го прослават третото издание на Elle Style наградите.
Сосема заслужено, наградата за најстилска жена во Хрватска ја доби шармантната актерка Јелена Вељача која на доделувањето се појави во фантастичен долг црн гламурозен фустан.
Покрај доделувањето на наградите, вечерта се случи и гламурозната прослава за 12 – тиот роденден на Elle магазинот, па тоа беше уште еден повод за неверојатната журка што беше организирана во галеријата Лауба.
Познатите девојки од хрватскиот џет – сет, за овој повод се одлучија за претежно црни креации, но имаше и такви кои му се спротивставија на студот со одлични комбинации во светли бои.
На црвениот килим на свеченоста, можеше да се види буквално сѐ – од нагласена вечерна драматика кај фустаните, преку урбан гламур, па сѐ до лежерен шик. Како и секогаш, познатите девојки одбраа претежно хрватски дизајнери, а како најдобро облечени беа забележани беа секако Јелена Вељача, Николина Пишек, но и секогаш уникатната Јосипа Лисац.
Во продолжение, погледнете ги најдобрите стајлинзи од доделувањето на наградите.