Празничните честитки на британските кралски двојки

15 декември 2018

Членовите на британското кралско семејство на социјалните мрежи ги објавија празничните честитки. Како и досега, тоа го направија преку семејни фотографии.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон објавија семеен портрет со најмладите членови - петгодишниот Џорџ, тригодишната Шарлот и осумесечниот Луис.

Тие останаа доследни на тоа да пренесат топла семејна атмосфера, во лежерни стајлинзи и со насмевка.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kensington Palace (@kensingtonroyal) onDec 14, 2018 at 3:00am PST

 Од друга страна, Меган и Хари упатија честитка за празниците со досега необјавена фотографија од нивната венчавка.

На фотографијата двојката е прегрната и гледа во огнометот пред нив.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kensington Palace (@kensingtonroyal) onDec 14, 2018 at 3:01am PST

Ако судиме по лајкувањата на објавите, честитката на Кејт и Вилијам подобро поминува.

Која повеќе ви се допаѓа вам?

Објавено:
15 декември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
361 пати