Во нејзиниот нов филм, „Queen of Katwe“, Лупита Нјонго повторно го покажува нејзиниот беспрекорен актерски талент раскажувајќи приказна директно од нејзината родна Африка.

Имено, станува збор за филм кој ја раскажува приказната за Фиона Мутеси, мајка на четири деца, инаку првак во шах од Уганда.

Во таа чест, актерката се врати во местото од каде потекнува, село во Кенија каде Марио Тестино ги направи најубавите фотографии за модната библија Вог.

Сосема оечкувано, Лупита носи фантастични креации со неодоливи принтови и бои од последните колекции на светските дизајнери, а како што таа ќе каже, огромна била честа да се врати во родниот град со таква екипа.

На сите фотографии таа изгледа прекрасно како и секогаш, вистински среќна и позитивна, позирајќи на некои од најубавите места во Кенија, во друштво на локалните жени и деца.

Имено, 2014 – тата година беше онаа кога на актерката и се случи вистински пресврт во животот. За многу кратко време, благодарение на улогата во филмот „12 Years a Slave“, таа стана една од најпопуларните жени во Холивуд, а со автентичниот и ненаметлив стил многупати беше прогласувана за модна икона.

Оттогаш, имавме можност да ја видиме на безброј насловни страници на познати светски магазини, а таа уште еднаш ја раскажува нејзината приказна и тоа колку и е важна борбата за правата на нејзиниот народ во искрено интервју за Вог.

Објавено:
16 септември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
194 пати