Пријавете се на фото - натпреварот на National Geographic и освојте патување на Алјаска!

20 јуни 2014

Од март годинава, фото – уредниците во National Geographic добија стотици креативни фотографии од секој крај од планетата земја! Истите се дел од одличниот, традиционален Traveler Photo натпревар 2014 чиј победник ќе се објави за само две недели.

Среќниот добитник, ќе има ексклузивна можност, цела една недела да биде дел од неверојатната, специјална експедиција на Алјаска.

Она што требаше да го направат сите натпреварувачи – аматери кои се пријавија да бидат дел од овој долгоочекуван натпревар, е да испратат креативна, колоритна фотографија од светот на природата на една од темите во четирите категории: Портрети, Природни скици, Чувство за простор и Спонтани моменти во природата.

Секоја недела, најдобрите фотографии одбрани од страна на уредниците на магазинот, беа објавувани на веб страницата на National Geographic.

Натпреварот ќе трае до 30 – ти јуни, а ако сметате дека можете да направите подобра фотографија од досега понудените, сега е вистинското време да се пријавите.

Сепак, станува збор за патување на Алјаска, а и целиот свет ќе ја види вашата работа, нели?

Објавено:
20 јуни 2014
Категорија: 
Актуел