Принцот Филип денеска го прославува својот 99 роденден. По тој повод Бакингемската палата објави нова фотографија од војводата од Единбург и кралицата.
Поради вирусот Ковид-19 и двајцата се во изолација во нивниот дворец во Виндзор.
Фотографијата е направена минатата недела токму пред дворецот.
Интересно е што ова е првата фотографија на војводата од 24. декември минатата година, после престојот во болница во Лондон.
View this post on Instagram
За потсетување тој помина четири дена во болницата „Едвард VII“ како што наведе семејството „поради претходни болести“.
За оваа роденденска фотографија, принцот Филип носи вратоврска на специјалната гарда, додека кралицата носи цветен фустан со брош во форма на срце и со дијаманти.
Инаку, ова е втора фотографија од 94-годишната кралица во неколку дена. Минатата недела беше фатена како јава пони во паркот на дворецот.
Во меѓувреме, принцот Вилијам изрази загриженост за кралицата и Војводата од Единбург поради вирусот, со акцент на тоа дека неговите баба и дедо прават сè за да се заштитат:
„Мислам на нив поради годините што ги имаат, но правиме сè што е во наша моќ да ги заштитиме“, изјави неодамна војводата од Кембриџ.
View this post on Instagram
Инаку, роденденска честитка упатија и од Кенсигтон палатата, објавувајќи фотографии со принцот Филип, а на официјалниот Инстаграм на кралското семејство, има и ретро семејни фотографии.
Принцот Филип и кралицата Елизабета Втора се во брак 72 години. Откако се повлече од кралските должности во 2017 година, ретко се појавува во јавноста.
View this post on Instagram
Со ова тој е сопруг на монахот со најдолг стаж во британската историја.