Ралф Лорен ќе ги брани боите на САД на Олимписките игри во Сочи

25 јануари 2014

Две недели пред церемонијата на отворањето на Олимписките игри со Сочи, модните портали ја објавија веста дека Ралф Лорен ќе ги изработи спортските аутфити за натпреварувачите од САД. Секој сет се состои од поло маички, бели панталони, ремени, кожни чизми и главниот елемент Кардиган. Јакните и кардиганот се стилизирани со националната симболика на дезени и бои карактеристични за боите на оваа светска веле сила. Кардиганот за кој се дигна најголема прашина ќе биде пуштен во продажба во ограничена верзија со цена од 595 долари. Прв пат во историјата на спортската мода приходите кои ќе бидат остварени од продажбата ќе бидат наменети за Олимпискиот комитет на САД.

 

 

„Претставува огромна чест и особена гордост да се создаде облека за тимот на САД. Ова е радосен момент за нас, бидејќи спортистите ќе ја претставуваат нашата земја на светската сцена пред неколку милијарди луѓе од целиот свет“, изјави синот на Ралф Лорен, Дејвид Лорен, кој ја врши функцијата, потпретседател на модната куќа.

 

Објавено:
25 јануари 2014
Категорија: 
Актуел