Ралф Лорен ќе лансира поло маици за жени

9 август 2014

Машката поло линија на Ралф Лорен е позната по т.н. колеџ стил и е наменета за сите оние припадници на помладата популација кои се дел од престижни колеџи и универзитети, односно тоа е еден начин на униформирање на претставниците на високата класа. Таквиот стил вклучува поло маици, кошули, поткрената јака, V израз, „bomber“ јакни, блејзери и маици со препознатливо лого. Овој тренд е препознатлив во САД, а негови претставници се Brooks Brothers, Lacoste и секако Polo Ralph Lauren.

Новитет од модната куќа е дека планираат да лансираат женска поло линија иако сеуште не е одлучено што се ќе биде вклучено во неа. Лансирањето на поло маиците за жени ќе биде паралелно со отворањето на нов бутик на Петата Авенија во Њујорк, па на овој начин купувачите и претставништвото на Ралф Лорен ќе има две причини за прославување.

Објавено:
9 август 2014
Категорија: 
Актуел