Разменете или подарете облека – приклучете се на акцијата на Fashion revolution

3 декември 2021

Подароци и празници секогаш одат во пакет. Па во вистинско време, македонскиот огранок на Fashion revolution организира интересен настан во рамките на кој ќе се разменува и подарува облека, како уште една иницијатива во нивните напори за подигање на свеста за еколошкото значење на одржливата мода.

Настанот насловен „Let's Swap" ќе се одвива онлајн на нивниот профил на Инстаграм (Story) од 4-ти до 12-ти декември.

„Сакаме да ја најавиме најголемата Online забава за размена и подарување на облека.
На нашиот профил во Highlights под името Let's Swap ќе го најдете и шаблонот кој што ќе служи за ваше објавување на парчето/парчињата облека кој што сакате да го/ги разменувате и/или подарите", велат од Fashion revolution.

Ако дома имате некое парче облека кое е во добра состојба, а веќе не го носите, зошто да не го подарите? Сите детали за учество се објавени на Инстаграм профилот на @fashion_revolution_macedonia

 

Објавено:
3 декември 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
154 пати