Размислување во текстил – Работилница со Викторија Новак од Полска

26 мај 2016

Препознавајќи го значењето на креативните индустрии како медиум за остварување на интеркултурната комуникација, промовирање на знаењето и вештината на креативците, можноста за нови вработувања, зголемување на економската размена и афирмација на претприемачкиот дух, во периодотод 9 до 11 јуни 2016, ќе се оддржи петтото издание на фестивалот, под слоганот „Поврзи ме со креативност –Hub Me Creativity“. Фестивалот ќе се одржи на локацијата на стариот аква парк – Плаја Виста, Скопје.

Во предстојните три фестивалски денови ќе имате можност да ги проследите настапите и искуствата на реномираните гостиод Европа. Меѓу нив е и Викторија Новак од Полска, млада дизајнерка на текстил која периодов живее и работи во Лоџ. Во 2016 година дипломира на Одделот за текстилен дизајн на Техничкиот универзитет воЛоџ (додипломски студии). Таа претежно е ангажирана во дизајн на текстил за мода и ентериер, но исто така изработува илустрации и графички дизајн. Нејзиниот проект „Лад-џекард ткаенини “ беше повеќекратно изложен на „Лоџ дизајн фестивал 2015“, Награди за сценски дизајн и шоу, 2016, XXI Триенале во Милано.

Новак ќе настапи со едукативна презентација на Фестивалот, насловена „Размислување за текстил." Целта на презентацијата е да ги едуцира посетителите како одлуките на дизајнерите делуваат врз изгледот на текстилните производи? заднината на дизајнирање на текстил при модифицирање на изгледот и карактерот на текстилот.

„Скопје Креатива“ како проект - платформа за развој и поддршка на креативните индустрии во Скопје е под покровителство на Град Скопје, а во организацијата на ЈУ Конгресен центар „АлександарМакедонски – Скопје“.

Објавено:
26 мај 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
122 пати