Ријана најавува големи имиња како дел од нејзиното шоу Savage x Fenty Show Vol

3 ноември 2022

Ријана ги ангажираше некои од најголемите имиња од поп културата за нејзиното претстојно Savage x Fenty Show Vol. 4.

Годинешната четврта сезона од ова модно искуство ќе се емитува на Prime Video на 9 ноември и ќе прикаже нов асортиман на долна облека достапна во различни големини и достапна за купување на Амазон истиот ден кога се појави и шоуто.

Фото: Bazaar

Во тизерот кој беше објавен неодамна се појавуваат бројни изведувачи, како Анита и Бурна Бо, Максвел, Дон Толивер, популарни модели, вклучувајќи ги Ирина Шајк, Кара Делевињ, Алва Клер, Зак Мико и Прешис Ли и маркантни имиња од забавувачката индустрија, како Масаи мартин, Бела Поарч, Симу Лиу, Дамсон Идриз, и многу други.

Фото: wwd

Фото: wwd

Фото: wwd

Со други зборови, вреди да го означите вашиот календар.

Покрај импрезивните креации, брендот на Ријана, Savage X Fenty, е познат и по своите привлечни изведби, а тизерите, заедно со промотивните фотографии, јасно покажуваат дека танцот повторно ќе биде камен-темелник на настанот.

Фото: Bazaar

На некои од фотографиите може да се забележи актерот и модел Џеф Логан во центарот на танцовиот круг, додека пак изведувачите со кренати раце, облечени во широки панталони танцуваат околу него.

Фото: Vogue

На друга фотографија може да се забележи актерот Алтон Мејсон како танцува пред група танчери, облечен во црн полутранпарентен сет пижами.

Фото: Vogue

Помеѓу највпечатливите појавувања е она на Делевињ која воодушевува со необилен изглед кој вклучува скулптурална коса, избледени веѓи, силна шминка и сјајна усна. На нејзината фотографија таа носи градник со прерамки со блескав цветен брош во центарот и накит од Венди Ју.

Фото: Vogue

Мачкините костуми со детали од тантела се мотив кој се појавува често низ фотографиите, како и црно-виолетовите комбинации, како што е примерот со Прешис Ли и Џордан Даниелс.

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Погледнете низ фотографии како ќе изгледа шоуто на 9 ноември!

Фото: wwd

Фото: Bazaar

Фото: Bazaar

Фото: Bazaar

Фото: Bazaar

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Фото: wwd

Објавено:
3 ноември 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
219 пати