Роберт Патинсон е новото лице на Dior Homme

2 март 2016

Британскиот актер Роберт Патинсон е новото заштитно лице на „ready to wear" линијата Dior Homme за есен-зима 2016, со што стана првата славна личност ангажирана за рекламна кампања за оваа линија облека на брендот.

Кампањата ја фотографираше креативниот директор на Фенди и Шанел, Карл Лагерфелд кој е голем фан на францускиот бренд.

Фотографиите се во црна-бела техника, додека Патинсон позира во стилот на големиот заводник Џејмс Дин.

Инаку Патинсон е заштитно лице на парфемите Dior Homme од 2012 година, па со оваа кампања се продолжува нивната заедничка соработка.

Објавено:
2 март 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
173 пати