Роденденската бајка на Лила – блесна во ЕЛЕНА ЛУКА и порача: Живејте го секој ден како да ви е роденден

16 октомври 2022

„Ова за мене е посебен роденден" со широка насмевка и со овие зборови нè пречека Лила на својот роденден, што вечерва го одбележа со роденденска забава заедно со најблиските пријатели.

Со години, таа е едно од нашите најпопуларни тв лица кое од своето име изгради бренд.

Вечерва, наздрави за животот затоа што како што вели и самата, животот е навистина убав, со сите негови доблести и маани.

„Животот ме научи да го живеам секој ден како да ми е роденден. Да се разбудам наутро и да кажам: уште еден убав ден е пред мене. Сфатив дека е најбитно да бидам јас прво исполнета и среќна, а ако не сум расположена, да не ширам негативна енергија околу мене. Научив да уживам во секој момент, затоа што животот е навистина убав", искрено сподели со нас Лила.

А еден ваков посебен роденден, заслужи и навистина посебен стајлинг, што и овојпат како и повеќе од деценија наназад, Лила ѝ го довери на ЕЛЕНА ЛУКА и на нејзината драга пријателка Елена Пандева.

„И ќе се надоврзам на претходното, уживајте го секој ден и блескајте како што блескам јас заедно со ЕЛЕНА ЛУКА со која сум заедно веќе не бројам колку години, можеби повеќе од 15. Погледнете што направија за овој повод... Ние сме семејство, па потоа соработници. Елена за мене е пријателка, соборец, другар, некој што постојано ме поттикнува да бидам подобра и подобра и исклучително ја почитувам. Ѝ благодарам од срце и на неа и на целиот тим што сите овие години се со мене, а особено за вечерва, затоа што ова е исклучително битен момент за мене" додаде Лила.

Белиот коктел фустан во чиј дизајн предимензионираните цветови, даваат уникатна екстравагантна нота, е толку посебен што најсоодветно ја доловува емоцијата и е беспрекорен за поводот, а Лила со својот став и самодоверба додека го носи, ја потенцира неговата женственост и елеганција.

Среќен роденден Лила! Продолжи да блескаш како што ти најдобро знаеш.

„Вечерва облеков фустан во бела боја...вечерва го славам животот, љубовта и мојот роденден. Оставам зад себе една тешка, претешка година која ме научи да го славам секој ден како да е роденден , да го почитувам секој момент и да бирам пријатели кои за мене би го направиле она што и јас за нив ! Научив дека секој ден е борба и дека со добра мисла секој проблем е решлив. Овој ден е мој ден...овој ден е мојот роденден“ - напиша Лила во статус на Фејсбук.

 

Објавено:
16 октомври 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
24.286 пати
Тагови: 
Лила Елена Лука