Романтична приказна на Питер Линдберг за мартовското издание на Vogue
•
15 февруари 2014
За мартовското издание на Vogue магазинот, славниот фотограф Питер Линдберг реши да раскаже романтична приказна проткаена со пролетни воздишки. Низ љубовната идила ќе не водат моделите Лара Стоун и Кит Харингтон, чии модни изрази беа стилизирани од Табита Симонс и Мајкл Филоуз. Во продолжение оставете да ве понесе љубовно пролетната бајка и уживајте во благодетите на убавите сончеви зраци и рајската цветна градина.