Руска компанија ќе откупи 60% од акциите на Роберто Кавали

11 август 2014

Гласините за продажба на акции од компанијата започнаа уште во 2009 година, но не се изврши некоја посериозна трансакција. Сега е веќе потврдено дека Роберто Кавали ќе продаде поголем дел од акциите, односно 60% на фирмата VTB Capital, која е дел од руската компанија VTB Group. Трансакцијата започнува денес, а целата процедура ќе биде готова до октомври.

Детали околу продажбата сеуште нема, но според експертите, Роберто Кавали ќе се збогати за дополнителни 500 милиони евра.

Објавено:
11 август 2014
Категорија: 
Актуел