Сега секој може да има личен кројач

4 јули 2014

krojac

Иако можеби за нас нејзиното име е малку тешко за изговор, модниот свет многу добро знае која е таа. Аслауг Магнусдотир е првата Исланѓанка која се стекна со титулата MBA на Харвард, а нејзината биографија е исполнета со референци на кои многумина можат да и позавидат. Има 47 години и е моден финансиски маг, а воедно и една од омилените личности на Вог или уште наречена и добрата вила на модата.

Заедно со Лорен Санто Доминго го отпочнуваат проектот Moda Operandi, а за само година дена успеава да собере донации вредни 36 милиони. Сите водечки модни и медиумски имиња им даваат поддршка, а најголем дел од парите ги инвестира корпорацијата LVHM.

elle-00-tinker-tailor-opener-blog

Но, откако го напушта Moda Operandi, Аслауг се впушта во нов проект насловен како Tinker Tailor, со помош на кој им се овозможува на корисниците редизајнирање на брендираната облека.

Tinker Tailor има повеќе компоненти: место каде што комплетно можете да одберете облека, како и список на дизајнери од чии колекции можете да одберете парчиња. Сајтот исто така содржи и магазин со едиторијали од парчињата создадени од тимот.

-Многу жени имаат желба да си го креираат фустанот, или здолништето, блузата од соништата, но не знаат како се прави тоа, или пак кај кого да се обратат. Токму затоа и постои дел „Креирајте сами“, каде ја имате оваа можност - вели Аслауг.

elle-01-tinker-tailor-h

А еве на кој принцип функционираат нештата:

Првин го избирате парчето што сакате да го направите (блуза, фустан, здолните). Ако изберете на пример здолниште, ќе ви бидат понудени 12 силует од кои ќе можете да го изберете она што ви се допаѓа. Потоа го бирате дизајнерот со цената што сте подготвени да ја платите. Исто така, имате опција да ги изберете материјалот од кој ќе биде изработена, и тоа во 3Д форма.

Откако ќе изберете дали здолништето сакате да ви биде од памук, жакард, тантела, сатен, твид... потоа ја одбирате бојата или дезенот - вкупно има 28 опции за материјал и боја.

elle-02-tinker-tailor-h

Она што ви преостанува е откако ќе го направите комплетниот избор, да ја чекате вашата нарачка. Облеката не ја добивате во рок од неколку дена, како на останатите сајтови за нарачка на најлуксузна облека, туку чекате и по неколку недели. Има околу 50 брендови вклучени во овој проект меѓу кои и Џамбатиста Вали, Алберта Ферети, Родарте…

А како изгледа сајтот можете да видете овде.

Објавено:
4 јули 2014
Категорија: 
Актуел