Шопинг дружба со Елена Лука и Лила во Скопје Сити Мол

11 јуни 2014

Модниот бренд Елена Лука уште еднаш ќе ги израдува сите вљубеници во уникатниот дизајн. Имено, во четврток ( 12 јуни), од 18 до 20 часот, во продажниот салон на Елена Лука во Скопје Сити Мол се организира одлична шопинг дружба заедно со Лила М. Стојановска. Сите кои ќе бидат присутни ќе имаат можност да си ги купат омилените ексклузивни креации кои шармантната водителка ги носи во популарниот квиз Се или нешто, и тоа со огромен попуст од 50%.

Веќе трета сезона по ред, колку што и трае популарната емисија, Лила успешно и во континуитет соработува со Елена Лука која се грижи за нејзиниот уникатен стајлинг.

Тимот на Елена Лука заедно со Лила ве покануваат на неповторлива шопинг дружба и со задоволство ве очекуваат во продажниот салон на брендот во Скопје Сити Мол.

 

Објавено:
11 јуни 2014
Категорија: 
Актуел