Синот на Памела Андерсон

14 јуни 2016

Постариот син на Памела Андерсон и тапанарот на „Мотли Кру“, Томи Ли, Брендон Ли,  во најновото издание на „Пејпер магазин“ наликува во целост на филмската икона Џејмс Дин.

Тој има само 20 години и сѐ досега се криеше од очите на јавноста. Одлуката да почне кариера е само негова амбиција, така барем вели.

„Целиот мој живот го поминав во филмската индустрија, јас сум роден во овој свет. Сѐ досега мислев дека е добро за мене да се тргнам од светлата и камерите, но како што растев тоа ми изгледаше сѐ попривлечно“.

Во најновата фотосесија извонредно добро одговара на зададената задача со аутфит кој потполно потсетува на фраерлукот од 1950-тите години.

Брандон додоава:„Сакам да се задржам на старата добра школа, како Марлон Брандо или Џејмс Дин. Има многу работи кои ги сакам од тој период“.

Во истиот овој период неговата мајка го најави своето враќање на филм и тоа иснпиран од популарната серија од 1990-тите години „Чувари на плажа“.

Брендон за својата мајка Памела вели :„Мајка ми е супер кул “.

Филмот на Памела Андерсон се очекува да биде прикажан во мај 2017 .

Објавено:
14 јуни 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
600 пати