Сите може да ја носиме новата колекција на Твиги

26 февруари 2016

Модата треба да биде забавна, достапна и нослива – вака култниот модел Твиги (66) размислува во процесот на креирање на нејзината јубилејна колекција по повод 50 години кариера во модната индустрија.

Тргнувајќи од тие начела, значаен сегмент на колекцијата е тоа што соодветно може да се имплементира во имиџот на жени од различни генерации, поради универзалниот карактер на парчињата што ја сочинуваат: кошула-фустани, широки панталони, кошули со V израз, костими во разиграни принтови, елегантни фустани на врзување, лежерни џинс парчиња и кратки јакни.

Ова е 15-та по ред колекција на Твиги за M&S и е инспирирана од нејзиниот личен стил, а создадена со цел жените да се чувствуваат одлично кога ги носат нејзините нови пролетни парчиња.

„Мојата главна цел е да креирам облека која што е стилска, забавна и одлично изработена. Јас исто така сум многу практична во изборот на материјали и форми. Мислам дека оваа пролетна колекција е навистина нослива и е наменета за сите жени независно на која генерација и припаѓаат", вели Твиги и додава дека не верува во поделба на облеката според возраст.

Во 1960-те години, кога Твиги имаше само 16 стана глобална ѕвезда во модната индустрија и со тоа е еден од култните ликови во модната историја.

Објавено:
26 февруари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
864 пати