Смарт Модната недела Загреб ја претстави новата кампања

12 ноември 2014

#WhatAreYouFOR е  водечкиот слоган на новата сезона на Смарт Модната недела во Загреб.

„Соработката со Модната недела Загреб има за цел да го промовира модерниот и динамичен начин на живот. Поради тоа нашата комуникација во последниот период се одвиваше преку тизери, кои имаа улога да ги мотивираат луѓето да бидат посреќни, повесели, да бидат свои, да се прашуваат што треба да направат за да го променат светот“, коментира за хрватскиот онлајн сајт buro247.hr, Сања Бутерин, која го води секторот за маркетинг и ПР во компанијата Стар Импорт.

Новото издание на Модната недела ќе прикаже колекции за следната сезона, пролет – лето 2015, како и квалитетни домашни модни дизајнери, но и такви кои можат да се пофалат со настапи на лондонската, париската, берлинската и мадридската модна недела.

Заштитно лице на годинешната кампања е Петра Фрковиќ која оваа година е прогласена за најатрактивна Хрватка. Кампањата ја потпишува основачката и креативна директорка Сузи Јосиповиќ Реџепагиќ, фотографот Горан Матијашец, шминка Кристина Атлетиќ, фризура Рене Инглесе и стајлинг Марина Лацковиќ.

Објавено:
12 ноември 2014
Категорија: 
Актуел