Модната дизајнерка Наташа Шариќ, препознатлива по автентичната изработка на модни детали за мажи и жени, синоќа во белградската галерија ОЗone, со својата новa изложба на вратоврски под наслов „Planet 312“ го најави Модниот викенд во Белград. Изложбата вклучуваше мултимедијална поставка од 12 костуми со вратоврски позади кои беа проектирани видео содржини со оригинални фотографии. Со бавни кадри и фокус на деталите, видео проекцијата го долови духот на вратоврските и карактерот на оној што ги носи.
Вратоврските на Шариќ се едноставна појава. Игра со линии, апликации, дополнителни елементи со симболично значење се основната содржина на нивната форма и зборуваат за размислувањата на авторот за мисијата на модата, за уметничкиот карактер на самиот уметник и на уметноста воопшто. Вратоврските се тродимензионални, на прв поглед стилизирани во геометриски рамки, комбинирани од различни материјали.
Подлабокото симболичко ниво носи визија за бекрајната виртуелна реалност, сонувањето и интелигенцијата, истовремено се занимава со феноменот вратоврска преку рамките на геометриските идеи, архитектурата и органските елементи во перцепцијата на просторот.
Наташа Шариќ се посвети на проучувањето на вратоврските како моден детаљ, на нивната симболика, а тоа го направи на еден својствен начин што остави длабок авторски печат.
Водечката идеја на изложбата е „New generation of ties – Нова генерација на вратоврски“ во која секоја претставува по еден карактер.
Автор: Бранка Гајиќ, дописник за fashionel од Белград