Со премиерата на „Gone Girl“ означен стартот на Њујоршкиот филмски фестивал

27 септември 2014

Педесет и второто издание на Њујоршкиот филмски фестивал, започна вчеравечер со долгоочекуваната премиера на филмот на Дејвид Финчер „Gone Girl“ со Бен Афлек и Розмунд Пајк во главните улоги.

На црвениот килим се појави целата екипа на филмот, а како што се очекуваше најголемо внимание предизвика шармантниот Бен Афлек, но и неговата колешка од филмот, сексапилната манекенка Емили Ратајковски.

Подеднакво прекрасна во црвено беше и актерката Рис Витерспун која овојпат се појавува како продуцент на филмот на кој критичарите му претскажуваат блескава иднина.

t_Photo_by

Од досега понудените критики, „Gone Girl“ е еден од најинтересните трилери за оваа сезона, неверојатно возбудлив и исполнет со одлична актерска екипа во која и Бен Афлек како еден од најплатените актери на денешницата, идната филмска ѕвезда, 35 – годишната Розмунд Пајк и Дејвид Финчер како неверојатен режисер.

Подеднакво очекуван и значаен филм на фестивалот е „Inherent Vice“ со Јоаким Феникс во главната улога.

За време на двонеделниот филмски фестивал се очекува да бидат прикажани околу 30 филмови, повеќе документарци, неколку преработени филмови, а ќе им и вечер во која ќе биде организирано потсетување на филмовите на Џозеф Л. Манкијевич како еден од најценетите режисери во Холивуд.

Македонската премиера на филмот „Gone Girl“ (Исчезната), ќе се случи на 2 Октомври во киното Синеплекс.

Објавено:
27 септември 2014
Категорија: 
Актуел