Со заработка од 600 милиони, Ријана е најбогатата музичарка во светот!

5 јуни 2019

Со богатство проценето на повеќе од 600 милиони долари, Форбс ја прогласи Ријана за најбогата музичарка во светот на листата жени што сами успеале да се збогатат.

Она што е најинтересно е тоа дека голем дел од богатството не и е од музиката, туку од соработката со LVMH групацијата и нејзината козметичка линија Fenty Beauty.

Во првите недели од лансирањето на нејзината нова колекција за убавина, таа заработи неверојатни 100 милиони долари благодарение на нејзината слава и Инстаграм следбениците чиј број изнесува повеќе од 70 милиони.

Веднаш зад неа, на листата на Форбс се најдоа Мадона со заработка од 570 милиони долари, Селин Дион со 450 милиони и Бијонсе со 400 милиони.

Во текстот на Форбс, експертите појаснуваат дека козметичката линија на Ријана не само што е успешна, туку истата засекогаш ја промени индустријата за убавина.

Нејзиниот бренд, за разлика од сите други постоечки, лансираше околу 40 нијанси на пудра, нешто што не може да се најде во ниту еден друг козметички бренд.

Токму поради овие работи, неверојатниот успех на Fenty Beauty за само 15 месеци на Ријана ѝ донесе прилив од 570 милиони долари.

Таа не застанува тука, пред само еден месец беше објавена соработката со групацијата LVMH под чија капа таа го отвори нејзиниот бренд Fenty чија прва колекција моментално ја промовира.

Она што мора да се спомене е тоа дека нејзиниот бренд е прв по 30 години што се приклучува на групацијата во која се наоѓаат брендови како Диор и Живанши.

Фото: CBS

Подеднакво фасцинантен е успехот на светската тенисерка Серена Вилијамс која е првата жена спортистка која воопшто се нашла на оваа листа.

Нејзиното богатство се проценува на 225 милиони долари, а истото го заработила најмногу од тенисот, потоа од нејзината модна линија и компанијата што ја поседува, а која им помага на млади луѓе да започнат сопствен бизнис.

Останатите на листата можете да ги погледнете на линкот овде.

Инфо: Forbes

Фото: Daily Mail, Forbes

Објавено:
5 јуни 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
381 пати