Соња Рикел има нов креативен директор

15 мај 2014

Париската модна куќа Соња Рикел официјално објави дека за нов креативен директор е поставена Жули де Либран, која новата колекција за оваа модна куќа ќе ја претстави во септември на модната недела во Париз

На оваа позиција ќе го замени Жералд де Консеисао, кој исто така има работено за Луј Витон, а беше креативен директор на Соња Рикел само година и пол. Жули де Либран потекнува од богата париска фамилија, но пораснала во Калифорнија.

Во Луј Витон важеше за десна рака на поранешниот креативен директор Марк Џејкобс, а по неговото заминување во октомври и доаѓањето на Никола Гескер на негово место, Либран одлучи самостојно да си замине.

Објавено:
15 мај 2014
Категорија: 
Актуел