Сопственикот на Зара отвора бутици со евтина облека во Русија

14 август 2014

Според изјавите од претставниците на компанијата, Индитекс веќе има отворено два бутика и тоа едниот на периферијата на Москва, а другиот во Сенкт Петерсбург. Идејата за отворање на бутик за евтина облека се разработила откако челните лица дошле до заклучок дека постојат помали бутици кои продаваат парчиња од Зара по пониска цена, па на ваков начин е направен сублимат на едно место.

До крајот на март беа отворени околу 100 бутици во Шпанија и Португалија, а целта е да се стане конкурентен во однос на сите оние брендови кои продаваат поевтина облека, како што е H&M. Сепак моменталната политичка состојба во Русија е пречка за проширување на бутици за евтина облека поради санкциите кон ЕУ.

Шпанскиот бизнисмен Амансио Ортега го основал Индитекс во 1985 година и според годишните листи на Форбс, тој е еден од најбогатите луѓе во светот, со проценка на богатството на 64 милијарди долари. Тој е сопственик на над 6. 000 продавници во 87 земји во светот, односно на брендовите Зара, Бершка, Масимо Дути, Страдивариус, Oysho и Pull&Bear. Само во Русија до крајот на јануари има отворено 386 продажни салони.

Нето профитот на Индитекс до крајот на 2013 година беше 2, 4 милијарди евра, а приходот 16, 7 милијарди евра.

Објавено:
14 август 2014
Категорија: 
Актуел