Хелен Ван Винкл или Бади Винкл е името на 87-годишната бабичка, која има преку 220.000 следбеници на Твитер и преку милион на Истаграм.

Таа стана позната на Инстаграм уште од минатата година, благодарение на еден пост од нејзината внука, каде носи облека со принт на марихуана.

Бади Винкл

Нејзините постови – во бикини, чизми на платформи (што ги носи само за шега), сега имаат преку 70 илјади лајкови.

Но, таа не е сама. Уште една супер Инста бабичка е и 88-годишната Нони Невил од Ирска. Како вели, Инстаграм го користи како проект за „доцниот“ живот.

Нони Невил

„Мојот главен хаштаг е #livinglifeat88, со што сакам да им покажам на луѓето дека и на оваа возраст можете да се забавувате. Моите внуци и јас обожаваме да се фотографираме и да ја покажуваме нашата забавна и весела природа. Исто така, многумина ми кажаа дека не се однесувам и не изгледам како некој што има 88 години и сакав да ги охрабрам луѓето дека сè уште можат да го прегрнат животот и на оваа возраст. Ми се допаѓа да го планирам мојот следен Инстаграм, бидејќи кога ќе си заминам, моето семејство ќе ги има овие фотографии да се присетува “, вели Нони за Грација.

На една од последните фотографии Нони пие вино од цевка-очила.

„Тргнав да ги купувам овие за моите внуци, но потоа си реков, ма не“.

Според последните истражувања 77 отсто од пензионерите велат дека живеење на животот до максимум е многу поважно отколку да имате заштедено пари или да оставите наследство. Дури 70 отсто од пензионерите следат мода, а еден од нивните омилени ликови е 93-годишната Ајрис Апфел. Мажите и жените после 60-тата година влегуваат во оние пет проценти од возрасните луѓе што првпат се тетовирале.

Објавено:
20 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.023 пати