Супер летни содржини во бесплатниот Cosmo магазин за јуни и јули

22 јуни 2017

Во сите Cosmo Tinex дрогерии веќе може да го набавите бесплатно новиот Cosmo магазин за јуни и јули.

Низ неговата содржина ќе прочитате многу интересни информации, корисни совети за летна шминка, ќе имате можност и да го прелистате водичот за тренди чевли, ќе се инспирирате од богатата галерија со фотографии од актуелната понуда на костими за капење, ќе се информирате и за новитетите во козметичката индустрија, како и за тоа што е актуелно во светот на познатите.

Cosmo магазинот е одлична солуција и за ваш придружник на плажа, затоа набавете си го најновиот бесплатен примерок и не заборавајте да го спакувате во вашиот летен куфер пред да заминете на одмор.

Објавено:
22 јуни 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
297 пати