Свртете го љубовното тркало и добијте до 70% попуст во ЕЛЕНА ЛУКА

6 февруари 2023

Четиринаесетти февруари Валентина и Валентин го прославуваат како свој именден, вљубените го празнуваат Св.Валентин, а љубителите на виното пак наздравуваат за Св.Трифун. Како и да е, љубовта е нивниот заеднички именител. Црвената боја пак, е синоним за љубовта, а за сите оние кои симболично сакат да ги одбележат претстојните празници, ЕЛЕНА ЛУКА за време на најљубовниот месец ви подготви изненадувања.

„Вртете го нашето љубовно тркало и изненадете ги Вашите сакани со парчиња од нашата љубовна колекција" информираат од модниот бренд ЕЛЕНА ЛУКА.

Ваше е само да отидете на нивниот веб сајт www.ElenaLuka.com , да го завртите тркалото на љубовта и да добиете попуст до дури 70% на целиот асортиман од категоријата „Love collection".

Уникатни дизајнерски парчиња кои ја слават љубовта во симболична црвена боја, стилизирани со автентични брендирани детали и принтови, се перфектен избор со кој ќе му дадете посебна нота на денот на вљубените.

Објавено:
6 февруари 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
445 пати