Sweet 40+ - онлајн катче за животниот стил на дамите 40+

23 август 2018

Со секојдневни дискусии на различни теми од животниот стил на дамите 40+, фан страната Sweet40+ која веќе неколку месеци активно функционира на Фејсбук, е атрактивна платформа која има за цел да го подобри квалитетот на секојдневието на своите членки.

Од актуелни модни тенденции до прашања поврзани со совети за убавина, ова е една заедничка приказна на дамите кои тука ги споделуваат своите искуства од различни сфери на модата, културата и уметноста, со што меѓусебно се инспирираат.

Поддржана од модниот бренд Елена Лука, Sweеt40+ низ своите содржини секојдневно ги изненадува своите членки со интересни подароци, како дополнителна мотивација што го збогатува нејзиниот современ концепт.
Тука ќе прочитате за интересни животни искуства на членките, за нивните професии, за омилените наслови од литературата, за светските тенденции и животниот стил на глобално познатите ѕвезди, а отворена е можноста и директно да учeствувате со Ваш коментар, разлислување, совет на различни теми или пак да испратите фотографија од Ваш аутфит како дел од нeкоја од наградните игри на фан страната.

Од тимот на Sweet40+ во претстојниот период најавуваат уште многу богати содржини во кои може лично да се вклучите, како и фотосесии и едиторијали со наши дами кои изградиле препознатлив имиџ и животен стил што заслужува внимание.

Следете нè на Sweet40+

Објавено:
23 август 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.115 пати